• среда, 27 ноември 2024

Земјите од ОН не можат да постигнат договор за намалување на загадувањето од пластика

Земјите од ОН не можат да постигнат договор за намалување на загадувањето од пластика

Бусан, 25 ноември 2024 (МИА) - Претставници од 175 земји се собраа во Бусан, Јужна Кореја, на петтата рунда преговори за меѓународен договор за намалување на пластичното загадување на планетата. Сепак, тврдоглавите поделби не влеваат оптимизам за можноста за постигнување договор.

Јужна Кореја е домаќин на петтиот и наводно последен состанок на Меѓувладината преговарачка комисија на ОН (INC-5) оваа недела. Претходните преговори во Отава во април не успеаја да дефинираат пат за ограничување на производството на пластика.

Разговорите во Бусан се фокусираат на опасните хемикалии и други мерки, бидејќи петрохемиските земји како Кина и Саудиска Арабија силно се противат на обидите за контрола на производството на пластика.

Луис Вајас Валдивиесо, претседавач на INC, изјави дека е уверен дека оваа недела ќе заврши со договор или документ кој ќе го отвори патот за идно решение. Според него, без итна интервенција, количината на пластика што годишно завршува во животната средина ќе се удвои до 2040 година во споредба со 2022. ссм/

фото: архива

Остани поврзан