• петок, 27 декември 2024

Земјите од групата „ОПЕК плус“ се согласија да го зголемат производството на нафта повеќе од очекуваното

Земјите од групата „ОПЕК плус“ се согласија да го зголемат производството на нафта повеќе од очекуваното
Виена, 3 јуни 2022 (МИА) - Големите производители на нафта предводени од Саудиска Арабија, постигнале согласност да го зголемат производството откако Европската унија најави големо намалување на увозот руска нафта. Откако ЕУ воведе ембарго за руската нафта цените на нафтата на светските пазари се искачија на рекордно високо ниво, што изврши притисок врз групата производители „ОПЕК плус“ да ослободи повеќе од резерви и на тој начин да го растерети пазарот. Аналитичарите очекуваа дека групата „ОПЕК плус“ ќе дозволи скромно зголемување на количината на нафта што ја пласира на пазарот за уште 432 илјади барели дневно во јули, но извори од „ОПЕК плус“ за медиумите потврдиле дека била постигната согласност зголемувањето на производството за јули и август да биде за 648 илјади барели дневно. Тоа е зголемување за речиси 50 проценти повеќе отколку претходните испораки на нафта од тие земји. На тој начин ќе се компензира недостатокот од руската нафта што повеќе нема да пристигнува во ЕУ. Се проценува дека како последица на западните санкции производството на нафта во Русија опаднало за милион барели дневно. аб/

Тагови

Остани поврзан