• среда, 25 декември 2024

Земјите на Г-7 ја повикаа Кина да отстапи од ограничување на суверенитетот на Хонг Конг

Земјите на Г-7 ја повикаа Кина да отстапи од ограничување на суверенитетот на Хонг Конг
  Вашингтон, 17 јуни 2020 (МИА) - САД, Канда, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и високиот претставник на ЕУ, се длабоко загрижени по повод одлуката на Кина да наметне закон за национална безбедност врз Хонг Конг, се наведува во денешната заедничка изјава на министрите за надворешни работи на земјите од Г-7. -Со кинеската одлука не се почитува основниот Закон на Хонг Конг и меѓународните обврски според принципите на законски обврзувачката Кинеско-британска Заедничка декларација, се вели во изјавата. Се истакнува дека наметнатиот закон за национална безедност сериозно го поткопува принципот на „Една земја, два система“ и високото ниво на автономија на територијата. -Ќе го загрози системот кој му овозможи на Хонг Конг да просперира и биде успешна земја во текот на многу години. Основни се отворената дебата, и консултации со главните актери, како и почитување на законот. Министрите за надворешни работи се загрижени дека постапките на Кина ќе ги нарушат и фундаменталните права и слободи на населението кое е заштитено со владеење на правото и постојниот судски систем. Тие ја повикаа Владата на Кина да размисли за својата одлука. кб/

Остани поврзан