• среда, 25 декември 2024

Земјата ќе биде погодена од геомагнетна бура предизвикана од ерупции на Сонцето

Земјата ќе биде погодена од геомагнетна бура предизвикана од ерупции на Сонцето

Вашингтон, 10 мај 2024 (МИА) - Земјата денеска и во наредните денови ќе биде погодена од силна геомагнетна бура предизвикана од ерупции на површината на Сонцето што се случија претходните денови, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Силата на оваа бура ќе биде Г4, од која само Г5 е посилна, а се очекува да предизвика проблеми со енергетските системи, вселенските летала, сателитите и радиофреквенциите, пренесува порталот watcher.news.

Ова е прва геомагнетна бура Г4 од 2005 година, а се очекува да почне вечер и да трае до 13 мај. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан