• четврток, 26 декември 2024

Земан го поддржа протерувањето на руските дипломати од Прага

Земан го поддржа протерувањето на  руските дипломати од Прага
Прага, 25 април 2021 (МИА) - Претседателот на Чешка, Милош Земан денеска го поддржа протерувањето на 18 руски дипломати од Прага. - Изразив целосна поддршка. Не ги сакам разузнавачите, нанесуваат повеќе штета отколку корист. Не разбирам зошто во Амбасадата на Русија да има голем број разузнавачи кога ни се потребни експерти за економска, културна и друга соработка, изјави Земан во интервју за чешката приватна телевизија Прима. Тој додаде дека не ги оспорува доказите на чешката полиција и на Безбедносно информативните служби и побара „мирно, без хистерии и шпекулации да се почека крајот на истрагата за експлозиите во Врбјетице“ и дали агентите за кои постојат веродостојни докази дека биле во Чешка за време на првата експлозија и биле во посета на Врбјетице и дали навистина влегле во магацините. Земан наведе дека по истрагата Владата треба да донесе одлука дали и како Русија да биде казнета. Чешката опозиција остро го критикуваше денешното обраќање на претседателот Земан и го обвини за помагање на руската пропаганда и за кампањата на дезинформација. - Доказите се доставени до Парламентот и до нашите партнери во Европска Унија и НАТО. Како и да е, нашиот претседател зборува за хипотези и го оспорува кредибилитетот на безбедносните служби на неговата земја. Верувам дека чешката Влада ќе спроведе сигурна политика и покрај овој говор на претседател, кој се обидува да ги релативизира работите, изјави лидерот на Пиратската партија, Иван Бартош. ми/

Остани поврзан