• четврток, 26 декември 2024

ЗЕЛС со повик за подмирување на данокот на имот заради избегнување на дополнителни трошоци за граѓаните од присилна наплата

ЗЕЛС со повик за подмирување на данокот на имот заради избегнување на дополнителни трошоци за граѓаните од присилна наплата
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Во општините во тек е постапка за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година, информира Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). - Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно за оние даночни обврзници кои три години не ги платиле своите обврски при што сите даночни обврзници кои должат по овој основ можат најдоцна до 15 април да го исплатат својот долг по основ на решенија за данок на имот и по основ на решенија за комунална такса фирмарина без дополнителни трошоци, се наведува во соопштението. Од ЗЕЛС ги повикуваат сите физички и правни лица кои го немаат пријавено имотот на подрачјето на општините или промените на имот, да го сторат истото во најкраток можен рок, за да ги избегнат глобите за непријавување на имотот кои согласно измените на Законот за даноци на имот од јули 2021 годинасе движат од 300 до 10.000 евра за правни лица, од 50 до 500 евра за одговорните лица во правните лица, додека за физички лица глобата за непријавување, односно неподнесување на даночна пријава е во висина до 250 евра, при што за истото следи соодветна прекршочна постапка. Од Заедницата потсетуваат дека во рамки на законските надлежности на локалната самоуправа, општините вршат надзор и контроли врз сите физички и правни лица, со цел законски, правилно и навремено утврдување на данокот на имот со цел овозможување праведно и правично оданочување. ки/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан