• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски: Путин сè уште ја одложува оваа војна

Зеленски: Путин сè уште ја одложува оваа војна

Киев, 18 март 2025 (МИА) - Во пресрет на денешниот телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „Путин сè уште ја одложува оваа војна“.

„Веќе една недела Путин не може да каже 'да' на предлогот за прекин на огнот“, рече Зеленски.

Тој додаде дека американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот е „за спасување животи, дозволувајќи им на дипломатите да работат на обезбедување безбедност и траен мир - предлог што Русија го игнорира“.

„Секој ден од војната е прашање на човечки животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х, повикувајќи на притисок врз Москва да ја прекине војната. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан