• четврток, 19 декември 2024

Зеленски ќе го претстави „Планот за победа“ пред сојузниците

Зеленски ќе го претстави „Планот за победа“ пред сојузниците

Лондон, 17 септември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека вчера разговарал за „Планот за победа на Украина“.

Украинскиот претседател додаде дека планот вклучува неколку точки: воени, политички, дипломатски и економски.

„Неопходните чекори се јасно дефинирани и ќе ѝ овозможат на Украина најсилни позиции за постигнување мир – вистински и праведен мир“, напиша Зеленски на платформата Икс.

Тој додаде: „Ништо невозможно не постои во овој план. Над 90 отсто од него е веќе изработен.“

„Следната недела ќе го претставиме нашиот План за победа на нашите сојузници. Благодарен сум на сите во светот кои стојат со Украина и ни помагаат да го одбраниме животот, напиша Зеленски. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан