• среда, 25 декември 2024

Зеленски „шокиран“ од неуспехот на ОН и Црвениот крст да помогнат по уништувањето на браната Каховка

Зеленски „шокиран“ од неуспехот на ОН и Црвениот крст да помогнат по уништувањето на браната Каховка

Киев, 8 јуни 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „шокиран“ од неуспехот на Обединетите нации и Црвениот крст да помогнат по уништувањето на огромната брана Каховка, додека неговиот премиер повика на итна помош од меѓународните хуманитарни организации.

„Иако катастрофата се случи пред неколку часа, тие не се тука“, изјави Зеленски за германските весници Билд и Ди Велт, како и за Политико.

„Не добивме одговор. Шокиран сум“, додаде тој.

Премиерот Денис Шмихал ги повика меѓународните хуманитарни организации да обезбедат итна помош.

„Руските окупатори не се ни обидуваат да им помогнат на тие луѓе, тие ги оставија да умрат“, рече Шмихал на англиски во видеото објавено на Телеграм.

„Ве повикуваме да преземете одговорност за евакуација на луѓето од областа на Херсонската област под руска окупација. Мораме да ги спасиме животите на луѓето кои беа осудени на смрт од окупаторите“, додаде украинскиот премиер.

Зеленски во интервјуто рече дека руските војници пукале од далечина додека биле во тек спасувачките напори.

„Штом нашите луѓе се обидат да ги спасат, пукаат врз нив“, рече украинскиот претседател. сд/

фото: архива

Остани поврзан