• среда, 25 декември 2024

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Киев, 29 јуни 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека поради руските напади, неговата земја изгубила околу 80 отсто од капацитетот на енергија од термоелектраните и една третина од енергијата од хидроелектраните.

- Затоа постојано ги потсетуваме сите наши партнери: само доволен број висококвалитетни ПВО системи и само доволна решителност на светот во целина може да го запре рускиот терор, рече Зеленски.

Киев, исто така, возврати на Русија со свои воздушни напади, често насочени кон енергетската инфраструктура.

Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени во Днепар, откако руските удари синоќа ги уништија горните четири ката на станбена зграда, изјави регионалниот шеф Сергиј Лисак.

Нападите се случија додека Русија се обидува да ги исцрпи украинските ресурси, често гаѓајќи енергетски објекти и друга витална инфраструктура.

Лисак рече дека нападот во Днепар покажува дека на Украина ѝ се потребни повеќе противвоздушни одбранбени системи. Украинските воздушни сили соопштија во саботата дека за време на ноќта собориле 10 руски дронови. ссм/

фото: архива

Остани поврзан