• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски: Украина досега доби вкупно 100 милијарди долари помош од САД

Зеленски: Украина досега доби вкупно 100 милијарди долари помош од САД

Киев, 14 април 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина добила вкупно 100 милијарди долари помош од САД.

-Многу пари од финансиските фондови на САД останаа во Европа. Тие финансираа одредени канцеларии на релевантни американски програми. Околу 65 до 67 милијарди влегоа во Украина. И тоа во форма на оружје и пари, рече Зеленски во интервју за Си-Би-ЕС Њуз.

Тој појасни дека од САД се добиени околу 35 милијарди долари за поддршка на украинскиот буџет.

-Отсекогаш верувавме дека тоа е нашата заедничка борба, дека Украина ги брани нашите заеднички вредности, а ние ја браниме цела Европа. Затоа Европа ја финансираше. Во овој момент, Европа даде приближно исто толку пари колку и САД. Но, можам само да му се заблагодарам на американскиот народ за сериозната поддршка, рече украинскиот лидер.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, претходно изјави дека САД потрошиле 350 милијарди долари за Украина.сд/

фото: Скриншот од Си-Би-Ес

Остани поврзан