• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски: Траен и праведен мир е можен со лидерство на САД и соработка со Европа

Зеленски: Траен и праведен мир е можен со лидерство на САД и соработка со Европа

Џеда, 10 март 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека новите одбранбени пакети, зајакнувањето на противвоздушната одбрана и дополнителните инвестиции во одбранбената индустрија се клучни чекори кон мирот.

„Во изминатите неколку недели, европските земји донесоа десетици одлуки за зголемување на поддршката за Украина“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој нагласи дека силните позиции на фронтот мора да бидат поддржани со ефикасна дипломатија за да се постигне траен и праведен мир.

„Под водство на САД и со соработка со цела Европа, тоа е апсолутно остварливо. Мирот е наш заеднички цел“, порача украинскиот претседател.

Зеленски исто така изрази благодарност до сите партнери кои, како што рече, „секој ден го приближуваат украинскиот народ до мир“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан