• четврток, 19 декември 2024

Зеленски со Фон дер Лајен: Украинскиот „План за победа“ зависи од брзите одлуки на сојузниците

Зеленски со Фон дер Лајен: Украинскиот „План за победа“ зависи од брзите одлуки на сојузниците

Киев, 20 септември 2024 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за време на денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон Лејен, на Киев изјави дека „Планот за победа“ на Украина во војната против Русија зависи од брзите одлуки што ќе ги донесат сојузниците оваа година.

На заедничката прес-конференција со шефицата на ЕК, Зеленски рече дека Украина планира да го искористи предложениот заем од повеќе милијарди долари од Европската унија за купување на системи за противвоздушна одбрана, енергија и оружје од домашно производство.

Тој посочи дека американскиот претседател Џо Бајден е клучната личност за спроведување на „Планот за победа“, за кој, како што рече, двајцата лидери ќе разговараат кога ќе се сретнат следната недела во САД, пренесуваат британските медиуми.

-Повеќето одлуки од планот зависат од него (Бајден). И од другите сојузници, но има одредени точки кои зависат од добрата волја и поддршката на САД, рече Зеленски.

Тој редовно известуваше за подготовката на планот, но даде неколку навестувања за неговата содржина, велејќи само дека тој има за цел да создаде услови прифатливи за Украина по повеќе од две и пол години војна во таа земја.

-Целиот план се темели на брзите одлуки на нашите партнери. Планот се темели на одлуки што треба да се случат од октомври до декември, а не на одложување на овие процеси, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК денеска пристигна во Киев, каде со украинските претставници  разговара за европската поддршка, подготвеноста на Украина за одбрана во текот на зимата и напредокот во врска со заемите од Г7.

Таа вчера во Брисел соопшти дека ЕК дополнително ќе одвои околу 160 милиони евра за помош на енергетскиот систем на Украина, што вклучува 60 милиони за хуманитарни потреби и 100 милиони за поправки и реставрација.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан