• четврток, 26 декември 2024

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е многу подобра, ги запревме Русите

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е многу подобра, ги запревме Русите

Киев, 12 март 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на бојното поле е подобра отколку во последните три месеци и дека руските сили повеќе не напредуваат по минатомесечното заземање на источниот град Авдиевка. 

Во интервју за француската телевизија БФМ (BFM), Зеленски кажа дека Украина ја подобрила својата стратешка позиција и покрај недостигот на оружје, но посочи дека ситуацијата може повторно да се промени доколку не добие нови пратки.

-Ситуацијата е многу подобра отколку што беше во претходните три месеци, рече Зеленски. „Имавме одредени потешкотии поради недостигот на артилериски гранати, воздушната блокада, руското оружје со долг дострел и високиот интензитет на напади од руски беспилотни летала. Работевме на многу ефикасен начин... против руските воздухопловни сили. Се опоравивме на исток. Напредокот на руските сили е запрен“, рече тој.

Руското заземање на Авдиевка од силите на Кремљ ја олесни одбраната на регионалниот центар Доњецк, што се наоѓа на оддалеченост од 20 километри. Потоа руските сили окупираа група села во близина на Авдиевка. Но, минатата недела, украинските воени портпароли изјавија дека руските сили повеќе не напредуваат и дека украинските сили ја подобриле својата позиција. 

-Руските сили срамнија сè со земја за време на повеќемесечното бомбардирање на Авдиевка, рече Зеленски. „Веќе не можеме да зборуваме за град бидејќи во Авдиевка е се уништено.

Руските сили, додаде тој, се супериорни во однос на оружјето со долг дострел. 

Зеленски во интервјуто кажа дека и украинските сили собориле голем број руски авиони и дека „продолжуваат силно да оперираат во Црното Море“, каде постојано се напаѓани руски воени цели. сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан