• сабота, 28 декември 2024

Зеленски: Светот денеска го виде вистинското лице на терористичката држава

Зеленски: Светот денеска го виде вистинското лице на терористичката држава
Киев, 10 октомври 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави неколку фотографии од Киев, кој е само еден од градовите нападнати од руски ракети и беспилотни летала утринава. Украинската полиција соопшти дека во големиот руски ракетен напад низ Украина „загинале најмалку 10 цивили, а околу 60 се повредени“. „Светот уште еднаш го виде вистинското лице на терористичка држава која го убива нашиот народ. Не само на бојното поле, туку и во мирните градови. Русија е земја која го крие своето крваво и криминално јадро и целта на зборовите за мир. Ова докажува дека ослободувањето на целата наша земја е единствената основа за мир и безбедност“, напиша Зеленски. паг/

Остани поврзан