• вторник, 19 ноември 2024

Зеленски: Самитот во Вилнус треба да потврди дека Украина е всушност членка на НАТО

Зеленски: Самитот во Вилнус треба да потврди дека Украина е всушност членка на НАТО

Киев, 10 јули 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мнозинството во НАТО е категорично „за“ неговата земја, а самитот на Алијансата во Вилнус треба да потврди дека Украина е всушност членка на пактот, пренесоа британските медиуми.

-Мнозинството во алијансата е категорично „за“ нас. Кога аплициравме за членство во НАТО, отворено кажавме: всушност, Украина е веќе во Алијансата. Нашето оружје е оружјето на Алијансата. Нашите вредности се оние во кои верува и Алијансата. Вилнус мора да го потврди сето ова, истакна Зеленски во вечерното видео обраќање.

Зеленски додаде дека на форумот ќе се разговара и за обезбедување на повеќе оружје за Украина во војната со Русија. Од средбата во Вилнус, според него, „можат да дојдат добри вести што се однесува до вооружувањето“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан