• четврток, 26 декември 2024

Зеленски: Руски ракети би можеле да паднат врз земји-членки на НАТО

Зеленски: Руски ракети би можеле да паднат врз земји-членки на НАТО
Киев, 14 март 2022 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повторно го повика НАТО да воспостави зона на забранети летови над неговата земја, предупредувајќи дека во спротивно руски ракети би можеле да паднат врз земјите-членки. - Ако не го затворите нашето небо, прашање на време е кога руските ракети ќе почнат да паѓаат на вашата територија, на територијата на НАТО, изјави Зеленски. Неговата изјава уследи откако вчера руските сили ја рекетираа воената база Јаворив, што е лоцирана во близина на границата со Полска и вообичаено се користеше за обука и заеднички вежби на украинската војска и нејзините партнери од НАТО. Во нападот загинаа 35 луѓе, а повредени со над 130. ми/

Остани поврзан