• вторник, 19 ноември 2024

Зеленски: Русија треба да биде приморана на мир

Зеленски: Русија треба да биде приморана на мир

Вашингтон, 24 септември 2024 (МИА) - Русија треба да биде приморана на мир, изјави денеска претседателот на Украина Володомир Зеленски во говор пред СБ на ОН.

Тој в четврток има закажано средба со претседателот на САД Џо Бајден при што се очекува да обелодени „план за победа“ во војната против Русија.

Претходно, во говор пред ГС на ОН Бајден ги повика земјите да стојат рамо до рамо со Украина.

-Путин ја губи војната затоа што Украина останува слободна, изјави Бајден. „Тој се обиде да го ослаби НАТО, но НАТО денес е пообединето од кога било“.

Бајден ги повика земјите-членки на ОН да продолжат со поддршката за Украина, „за да ја задржат нејзината слобода“.

-Не смееме да го тргниме погледот и да ја ослабиме поддршката за Украина. (Треба да направиме сè) за таа да постигне траен и одржлив мир во согласност со Уставот на ОН, изјави претседателот.

На средбата со Бајден в четврок, Зеленски се очекува да побара од него одобрување Украина да напаѓа со западно оружје длабоко во територијата на Русија, а тоа би овозможило силна позиција на Киев во можните преговори за постигнување примирје. кб/

фото: ЕПА
 

Остани поврзан