• среда, 25 декември 2024

Зеленски рече дека Русија треба да има претставници на вториот самит за Украина

Зеленски рече дека Русија треба да има претставници на вториот самит за Украина

Kиев, 15 јули 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Русија треба да има претставници на вториот самит за Украина со цел да се обезбеди траен мир со Кремљ, по повеќе од две години војна.

„Верувам дека руските претставници ќе присуствуваат на вториот самит“, рече Зеленски на прес-конференцијата во Киев, каде ја изложи подготвителната работа за следниот самит.

Првиот мировен самит за Украина се одржа минатиот месец во Швајцарија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан