• среда, 25 декември 2024

Зеленски разреши повеќе соработници, меѓу кои и тројца советници

Зеленски разреши повеќе соработници, меѓу кои и тројца советници

Киев, 30 март 2024 (МИА) - Претседателот на Украина Володимир Зеленски разреши неколку блиски соработници – Серхи Шефир од функцијата прв помошник на шефот на државата и тројца советници – Олех Устенко, Серхиј Трофимов и Михаило Радутски, објавија денеска украинските медиуми.

Наредбите за разрешување се објавени на официјалната веб-страница на претседателот на државата, пишува порталот Укринформ.

Шефир беше назначен за прв помошник на шефот на државата на 21 мај 2019 година.

Устенко беше советник на шефот на државата од 28 мај 2019 година, а Радутски од 30 јули 2019 година.

Трофимов беше назначен за советник на Зеленски на 4 ноември 2020 година, откако истиот ден беше разрешен од позицијата прв заменик-шеф на кабинетот на претседателот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан