• среда, 18 декември 2024

Зеленски разреши висок командант во украинската армија

Зеленски разреши висок командант во украинската армија

Вашингтон,  24 јуни 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски  денеска го смени од функција висок армиски функционер кој раководи со трупи на источниот дел на земјата.

Потегот е преземен додека Киев со месеци се бори да ги задржи силите на Москва на исток, речиси две и пол години од војната.

„Одлучив да го сменам командантот на Здружените сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Јуриј Содол, и на негово место да го назначам бригаден генерал Андриј Гнатов“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање.

Тој не даде детали за причините за разрешувањето, но одлуката дојде по критиките од командантот на бригадата Азов, позната по врските со екстремната десница.

Командантот на Азов, Богдан Кротевич, еден ден претходно поднел жалба до службата за безбедност СБУ, барајќи истрага за Содол.

Според извештаите на медиумите, Кротевич го обвини Содол за неспособност и го обвини за смрт на украински војници на фронтот.зш/

Остани поврзан