• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски: Прашањето за територијата во украинската војна со Русија е комплицирано

Зеленски: Прашањето за територијата во украинската војна со Русија е комплицирано

Киев, 15 март 2025 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека прашањето за територијата во војната на Украина со Русија е „комплицирано“ и дека за тоа треба детално да се разговара подоцна.

Зеленски на прес-конференција во Киев рече дека Украина никогаш нема да ја признае окупираната територија како руска и дека не знае што точно разговарале американските и руските претставници на неодамнешните разговори во Москва, пренесуваат британските медиуми.

На состанокот на украинската и американската делегација во Џеда во вторникот, Украина објави дека прифаќа 30-дневно примирје, а рускиот претседател Владимир Путин рече дека се согласува со предлогот, но дека „има нијанси“.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан