• четврток, 26 декември 2024

Зеленски по нападот врз Дњепар бара поголема противвоздушна одбрана

Зеленски по нападот врз Дњепар бара поголема противвоздушна одбрана

Киев, 3 јули 2024 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска од меѓународната заедница повторно побара поголема противвоздушна одбрана и одобрување на напади врз руска територија.

Неговиот апел уследи откако во напад со ракети и дронови врз градот Дњепар во Украина загинаа пет лица, а 34 се повредени. При нападот оштетени се градинки, училишта и болница.

- Светот може да ги заштити животите, а за тоа е потребна одлучност на лидерите, напиша Зеленски на Телеграм. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан