• среда, 25 декември 2024

Зеленски потпиша закон за користење на англискиот јазик во меѓународна комуникација

Зеленски потпиша закон за користење на англискиот јазик во меѓународна комуникација

Киев, 26 јуни 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој официјално се воспоставува англискиот јазик како јазик на меѓународна комуникација во Украина.

Документот дефинира и листа на позиции за кои од вработените се бара течно да зборуваат англиски.

Конкретно, познавање на англискиот јазик е задолжително за раководителите на управите на локалната самоуправа, воените службеници, обвинителите, даночните власти, царинските службеници, наставниците и здравствените раководители.

Државните службеници кои зборуваат англиски јазик ќе добиваат бонус на платата од 10 проценти. Дополнително, ќе се обезбеди буџетска поддршка на кината за прикажување филмови на англиски јазик.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан