• четврток, 26 декември 2024

Зеленски потврди дека украинската војска делува на територијата на руската област Курск

Зеленски потврди дека украинската војска делува на територијата на руската област Курск

Киев, 12 август 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека украинските воени сили се активни на територијата на руската област Курск.

Во својата објава на „Телеграм“, Зеленски ги пофали војниците и командирите на земјата за нивната решителност и одлучност, без да даде повеќе детали за нападот.

Тој додаде дека Украина би можела да понуди хуманитарна помош во регионот, укажувајќи дека на владините службеници им е наредено да подготват хуманитарен план за територијата.

Претходно, главниот командант на украинската армија, генерал-полковник Олександр Сирски, изјави дека Киев контролира околу 1000 квадратни километри од Курск.

Од друга страна, Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека Русија се обидува неправедно да ги обвини силите на Киев за воени злосторства во контекст на тековната инвазија во Курск. Во објава на „Телеграм“, СБУ посочи дека има информации кои покажуваат дека Русија можеби планира да изврши напад со цел да ја обвини Украина.

Гувернерот на областа Курск Алексеј Смирнов изјави дека „украинските сили користеле хемиско оружје за време на инвазијата“, јавуваат руските државни медиуми. Засега не е познато дали Смирнов понудил докази за ова обвинување.

Смирнов додаде дека украинските сили имаат контрола над 28 населени места во оваа област и дека киевските војници навлегле 12 километри во руска територија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан