Зеленски повика на посилен притисок врз Москва по новиот руски напад на Украина
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, по новиот силен напад на Русија врз Украина, изјави дека „само заедничкиот притисок врз Москва, придружен со построги санкции и посилна одбранбена поддршка за Киев, ќе го отвори патот кон ставање крај на теророт и руското продолжување на војната“.

Киев, 21 март 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, по новиот силен напад на Русија врз Украина, изјави дека „само заедничкиот притисок врз Москва, придружен со построги санкции и посилна одбранбена поддршка за Киев, ќе го отвори патот кон ставање крај на теророт и руското продолжување на војната“.
„Очекуваме вистински притисок врз Русија од САД, Европа и сите наши партнери. Тоа е она што ќе и овозможи на дипломатијата да функционира“, напиша Зеленски на мрежата Х.
Тој објави дека Русија ја нападна Украина во текот на ноќта и утрото со повеќе од двесте ударни беспилотни летала, а биле користени и наведувани воздушни бомби. паг/
Фото: МИА архива