• четврток, 26 декември 2024

Зеленски повика на зајакнување на воздушната одбрана во регионот Харков

Зеленски повика на зајакнување на воздушната одбрана во регионот Харков

Киев, 6 април 2024 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја истакна важноста од зајакнување на капацитетите за противвоздушна одбрана што ќе го заштити регионот Харков од руските напади, пренесоа украинските медиуми.

-Рускиот терор врз Харков продолжува. Нови напади врз градот и областа. Оштетени се станбени згради и цивилна инфраструктура. За жал, шест лица загинаа. Моето најдлабоко сочувство до нивните семејства и најблиските. Повеќе од 10 лица се повредени, напиша Зеленски на својот фејсбук-профил.

Сите служби за итна помош пристигнале веднаш на местото на несреќата и им ја пружиле потребната помош на сите настрадани, увери претседателот.

-Треба да ставиме крај на овој терор. Исклучително е важно да се зајакне воздушната одбрана за регионот Харков. И нашите партнери можат да ни помогнат во тоа, нагласи Зеленски.

Претходно денеска украинските медиуми објавија дека како резултат на денешниот руски напад насочен против Харков, шест лица загинале, а 11 се повредени. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан