• четврток, 26 декември 2024

Зеленски повика на единство на Денот на независноста

Зеленски повика на единство на Денот на независноста

Киев, 24 август 2023 (МИА) -  Украинскиот претседател Володимир Зеленски на одбележувањето на 32-от Ден на независноста на земјата денеска излезе со апел за единство пред руската инвазија, што почна пред точно 18 месеци, јави ДПА.

Во денеска објавената видео порака Зеленски им се заблагодари на војниците, вработените во вооружувањето, електричарите, новинарите, деминерите, наставниците, лекарите и спортистите за нивните напори и потсети на направените жртви.

-Важен е секој што работи и дава работа на другите, рече тој. „Сите оние кои плаќаат даноци помогнаа да се поддржат вооружените сили и да се обезбеди идната победа“, рече Зеленски, пренесе германската агенција.

Денот на независноста на Украина се одбележува на денот кога во 1991 година Украина ја прогласи својата независност од Советскиот Сојуз.

И покрај одреден успех во контраофанзивата на Украина против руските сили, Москва продолжува да контролира речиси една петтина од територијата на својот сосед, вклучувајќи го и црноморскиот полуостров Крим, што  го анектираше во 2014 година, потсетува ДПА. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан