• сабота, 23 ноември 2024

Зеленски: Окупаторот мора да биде уништен

Зеленски: Окупаторот мора да биде уништен

Киев, 16 март 2023 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно , ноќно, последно обраќање до сонародниците ноќеска истакна дека вчерашниот ден беше плоден меѓународен ден за неговата земја и за украинската одбрана.

-Се одржа уште еден, веќе десетти, состанок во формат Рамштајн. Се разговараше за муниција за нашите војници, артилерија, тенкови, заштита на украинското небо. Постои решение. Ова е особено важно сега - кога се чувствува дека руската агресија се приближува до моментот кога може да пукне, рече Зеленски.

„Не постои таков терорист кој би можел да го изгради својот потенцијал во конфронтација со слободниот свет. Русија не е исклучок. Мора постојано да го зголемуваме притисокот врз теророт. Притисок во нашата одбрана, во санкции против Русија, во уништување начини за заобиколување на санкциите на руската држава и нејзините компании, во политички и правни притисоци“, порача украиснкиот претседател во ноќното обраќање до нацијата.

-Колку е поголем притисокот, толку побрзо ќе биде движењето кон обновување на нашиот територијален интегритет и меѓународниот правен поредок. Правиме се за нашите партнери да го почувствуваат тоа. Оваа потреба ќе продолжи да се притиска. Чекор по чекор. Постојано. Окупаторот мора да биде уништен, кажа Зеленски.

„Им благодарам на сите што тоа го прават! Слава на сите што сега се во борба! Секоја чест за сите што помагаат!“, додаде украинскиот претседател. сд/

 

Остани поврзан