• среда, 25 декември 2024

Зеленски: Околу 1.000 руски војници досега се заробени од украинските сили

Зеленски: Околу 1.000 руски војници досега се заробени од украинските сили
Киев, 16 март 2022 (МИА) - Околу 1.000 руски војници се заробени од украинските сили откако Москва започна инвазија на нејзиниот западен сосед пред три недели, според украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој го дал бројот за време на онлајн разговор со Карим Кан, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, јави ДПА. Претседателот рече дека секој одговорен за воените злосторства треба да одговара. „Сите знаат што се случува“, рече Зеленски, истакнувајќи дека имало сведоци и видеа на злосторства, кои, според Украина, вклучуваат таргетирање цивилни живеалишта. аа/

Остани поврзан