• среда, 25 декември 2024

Зеленски: Одлуката на Романија за обезбедување систем „Патриот“ на Украина ќе ја зајакне нашата воздушна одбрана

Зеленски: Одлуката на Романија за обезбедување систем „Патриот“ на Украина ќе ја зајакне нашата воздушна одбрана

Киев, 20 јуни 2024 (МИА) - Претседателот Володимир Зеленски изјави дека одлуката на Романија да и обезбеди на неговата земја систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ ќе ја зајакне воздушната одбрана на Украина и ќе ја подобри безбедноста во Европа.

„Овој критично важен придонес ќе ја зајакне нашата воздушна одбрана и ќе ни помогне подобро да ги заштитиме нашите луѓе и критичната инфраструктура од рускиот воздушен терор“, напиша Зеленски на платформата „Икс“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан