• среда, 25 декември 2024

Зеленски одби средба со Гутереш по неговата посета на Русија

Зеленски одби средба со Гутереш по неговата посета на Русија

Киев, 25 октомври 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за посета на Киев поради неговото присуство на средбата на БРИКС во рускиот град Казан.

- По Казан, тој (Гутереш) сакаше да дојде во Украина, но претседателот не го потврди тоа поради ’понижувањето’ што му е нанесено на меѓународното право во Казањ, изјави висок претставник на украинското претседателство.

Гутереш вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во рамките на самитот на БРИКС, на кој учествуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН повторно ја изразил својата „позиција дека руската инвазија на Украина“ е „нарушување“ на меѓународното право, според изјавата на неговиот портпарол.

Засега Кремљ нема дадено информации за разговорот зад затворени врати.

Пред средбата со Путин, Гутереш повторно повика на праведен мир во Украина пред учесниците на форумот БРИКС. Уште пред оваа билатерална средба, Киев остро го критикуваше „лошиот избор“ на Гутереш да го посети Казањ, оценувајќи дека тоа „само ја наруши репутацијата на ОН“. ссм/

свет: архива

Остани поврзан