• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски објави фото и видео од негова посета на украинските сили кај Покровск

Зеленски објави фото и видео од негова посета на украинските сили кај Покровск

Киев, 22 март 2025 (МИА) - Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска објави фотографии и видео од негова посета на украинските сили кои го бранат стратешки важниот град Покровск, во близина на линијата на фронтот во источна Украина, кој Русија се обидува да го освои со месеци.

- Го посетив командното место на Тактичката група Покровск и се сретнав со командантите на единиците за беспилотни системи на Вооружените сили на Украина. Добив извештај за одбраната на насоката Покровск, за оперативната состојба и за напредокот на мисиите. Им доделив државни награди на нашите воини, напиша Зеленски на платформата Х.

Тој не посочува кога се случила посетата.

Руските сили се на околу шест километри од градот Покровск, рударски град во областа Доњецк во источна Украина, кој се смета за клучен логистички центар. Москва се обидува да го преземе целиот регион што го анектираше во 2022 година, заедно со уште три области во источна и јужна Украина.са/

Фото: Х

 

 

Остани поврзан