• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски: Нова серија борбени авиони Ф-16 пристигна во Украина

Зеленски: Нова серија борбени авиони Ф-16 пристигна во Украина

Киев, 20 март 2025 (МИА) - Нова дополнителна серија борбени авиони Ф-16 пристигна во Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На онлајн прес-конференција тој ги демантираше информациите за соборување борбен авион Ф-16 од страна на Русија.

„Русите лажат дека таму собориле нешто, ништо не собориле“, рече Зеленски.

Како што беше претходно објавено, на 6 февруари, Воздухопловството на вооружените сили на Украина доби засилување од првите француски борбени авиони Мираж 2000 и Ф-16 од Кралството Холандија. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан