• недела, 22 декември 2024

Зеленски: Нема мир со Русија додека не ги повлече војниците

Зеленски: Нема мир со Русија додека не ги повлече војниците
Лвов, 18 август 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли можноста за какви било мировни преговори со Москва без претходно повлекување на руските трупи од територијата на Украина. „Луѓето кои секојдневно убиваат, силуваат и пукаат во нашите градови со крстосувачки ракети не можат да сакаат мир. Прво треба да ја напуштат нашата територија, па ќе видиме, рече тој. На прес-конференцијата одржана во Лвов во западниот дел на Украина Зеленски предупреди дека „не треба да и се верува на Русија“. аб/

Остани поврзан