• недела, 01 септември 2024

Зеленски: Најмалку 137 Украинци досега загинале во руската офанзива

Зеленски: Најмалку 137 Украинци досега загинале во руската офанзива
Киев, 25 февруари 2022 (МИА) – Најмалку 137 Украинци загинале од почетокот на руската офанзива, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. - 137 херои, наши сограѓани ги загубија животите, рече украинскиот лидер во видео порака објавена на социјалните мрежи и на веб-страницата на украинското претседателство. Зеленски, исто така, рече дека во борбите биле повредени 316 Украинци. Украинскиот министер за здравство Виктор Љашко претходно соопшти дека најмалку 57 лица загинале во тешки борби откако руските трупи ја нападнаа Украина. Според него, во нападите се повредени 169 луѓе. Тој го повика населението да дарува крв и додаде дека пациентите кои не се акутни случаи треба да се третираат како амбулантски пациенти што ќе спречи преоптоварување на болниците. јт/

Остани поврзан