Зеленски најави санкции против Грузија
- „Ова што се случува во Грузија не е предизвик само за еден народ или за нашиот регион. Сегашната грузиска Влада ја турка земјата во јасна зависност од Русија. Срамно е да се видат чекорите што ги преземаат против сопствениот народ“, изјави тој во обраќањето , пренесено на неговиот налог на Х.
Киев, 4 декември 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва најави воведување санкции како одговор на постапките на актуелната грузиска Влада во последните денови.
Во своето редовно вечерно обраќање до сонародниците, Зеленски го осуди однесувањето на грузиската Влада, обвинувајќи ја дека „ја турка земјата во очигледна зависност од Русија“ и дека се спротивставува на интересите на нејзиниот народ, пренесе сајтот „Европска правда“.
„Ова што се случува во Грузија не е предизвик само за еден народ или за нашиот регион. Сегашната грузиска Влада ја турка земјата во јасна зависност од Русија. Срамно е да се видат чекорите што ги преземаат против сопствениот народ“, изјави тој во обраќањето , пренесено на неговиот налог на Х.
„Кога Москва ги фалиа грузиските власти, не остава никаков сомнеж за тоа кому тие навистина му служат во Тбилиси - а тоа секако не е народот на Грузија“, рече тој.
„Подготвуваме правен одговор и работиме со Европејците и другите партнери на конкретни активности. Им наложив на надлежните органи да подготват соодветни одлуки за санкции“, изјавио украинскиот претседател.
Во Грузија речиси една недела има протести откако премиерот Иракли Кобахидзе најави дека се одлагаат преговорите за влез во Европската унија до 2028 година.
Балтичките земји веќе најавија санкции против грузиските функционери кои учествуваа во насилното задушување на протестите, вклучително и поранешниот премиер Бидзин Иванишвили.сд/
What is happening in Georgia is not just a challenge for one nation or our region. The current Georgian government is pushing the country into clear dependence on Russia. It’s disgraceful to see the steps they are taking against their own people.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 4, 2024
When Moscow praises the… pic.twitter.com/FE1PvEJF5A