• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски му честита на Мерц за победата на ЦДУ/ЦСУ на изборите во Германија

Зеленски му честита на Мерц за победата на ЦДУ/ЦСУ на изборите во Германија

Киев, 24 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на лидерот на конзервативната опозициска демохристијанска партија Фридрих Мерц за победата на неговата партија на германските парламентарни избори и рече дека со нетрпение очекува да работат заедно на донесување „вистински“ мир во Украина.

„Им честитам на ЦДУ/ЦСУ и на Фридрих Мерц за нивната победа на изборите за Бундестагот“, напиша Зеленски во објавата на Х.

„Се радуваме на продолжувањето на заедничката работа со Германија на заштита на животите, приближување на вистински мир во Украина и јакнење на Европа“, се наведува во објавата. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан