• недела, 29 декември 2024

Зеленски му се заблагодари на Претставничкиот дом на САД што ја одобри воената помош за Украина

Зеленски му се заблагодари на Претставничкиот дом на САД што ја одобри воената помош за Украина

Kиев, 20 април 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на Претставничкиот дом на САД, како и лично на неговиот претседател Мајк Џонсон, откако беше одобрена воената помош за Украина.

„Благодарен сум на Претставничкиот дом на САД, и на двете партии, и лично на претседателот (на Претставничкиот дом) Мајк Џонсон за одлуката што е на вистинскиот пат на историјата, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

Помошта за Украина, која беше изгласана посебно, е во рамки на предлог-законот за воена помош за Израел и за Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.

„Клучниот американски закон за помош на Украина го усвои Претставничкиот дом, што ќе спречи ширење на војната, ќе спаси илјадници животи и ќе им помогне на нашите нации да бидат посилни“, посочува Зеленски.

Тој додаде дека се надева дека законот ќе биде поддржан во Сенатот и ќе биде испратен до американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Америко, ти благодарам“, напиша Зеленски. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан