• сабота, 23 ноември 2024

Зеленски имал телефонски разговор со бугарскиот премиер

Зеленски имал телефонски разговор со бугарскиот премиер
Софија, 27 март 2022 (МИА) - Претседателот на Украина Володомир Зеленски во објава на Твитер соопшти дека остварил телефонски разговор со премиерот на Бугарија Кирил Петков, пренесува БГНЕС. „Имавме конструктивен разговор со премиерот Кирил Петков. Се разговараше за текот на спротивставувањето на агресијата, како и за критичната хуманитарна ситуација во украинските градови и села. Заедно мораме да ја запреме хуманитарната катастрофа“, напиша Зеленски. ссм/

Остани поврзан