• четврток, 19 декември 2024

Зеленски: За Украина е многу важно да има партнер како Велика Британија

Зеленски: За Украина е многу важно да има партнер како Велика Британија

Киев, 20 јули 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека за време на неговата дводневна посета на Велика Британија, главни теми на разговор биле долгорочните капацитети на Украина, стратегијата за поморска безбедност и одбранбената соработка со цел постигнување праведен мир.

„Многу е важно и симболично за Украина и Украинците да имаат толку силен и непоколеблив партнер како Обединетото Кралство. Нашата соработка обезбедува повеќе решенија за борбата против тиранијата, а британското раководство ги инспирира другите земји. Не смееме да ја изгубиме нашата одлучност во иднина“, напиша Зеленски на каналот Телеграм, пренесе Укринформ.

Тој им се заблагодари на Велика Британија и на премиерот Кир Страмер за поддршката на Украина и на Украинците. Претседателот на Украина беше во Велика Британија на 18 и 19 јули. Тој на 18 јули учествуваше на самитот на Европската политичка заедница, а имаше аудиенција кај британскиот крал Чарлс Трети.

Зеленски разговараше и со британскиот премиер Кир Стармер и беше првиот странски гостин што присуствувал на состанокот на британската влада во овој век. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан