Зеленски: Двајца кинески војници се заробени во источна Украина
- Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека шест кинески војници се бореле на страната на Русија против украинските сили, а двајца од нив биле заробени во источна Украина

Киев, 8 април 2025 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека шест кинески војници се бореле на страната на Русија против украинските сили, а двајца од нив биле заробени во источна Украина.
- Уште една земја и се придружи на Русија во нејзината војна против Украина, наведе Зеленски.
Тој додаде дека за ова официјално ќе побара објаснување од Пекинг. ми/
фото: ЕПА