Зеленски: Двајца загинати во рускиот напад на Суми
- Двајца цивили загинаа во рускиот напад врз украинскиот град Суми, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Киев, 26 ноември 2024 (МИА) – Двајца цивили загинаа во рускиот напад врз украинскиот град Суми, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во видео објавено на социјалните мрежи, украинскиот претседател рече дека е во тек спасувачка операција на местото на несреќата.
- Веројатно има уште едно лице под урнатините, рече тој.
Зеленски информира дека во нападот биле оштетени и куќа и градинка. јт/
Фото: ЕПА архива