• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски го формира преговарачкиот тим за можни мировни преговори

Зеленски го формира преговарачкиот тим за можни мировни преговори

Киев, 15 март 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски формираше делегација што ќе го води преговарачкиот процес за постигнување праведен мир со Русија, се наведува во декретот објавен денеска во Киев.

Како што се наведува, шефот на кабинет на претседателот на Украина Андриј Јермак, шефот на дипломатијата Андриј Сибиха, министерот за одбрана Рустем Умеров и заменик-шефот на претседателскиот кабинет Павло Палис се во тимот за разговори со украинските „меѓународни партнери“.

Четворицата официјални лица беа дел од делегацијата на Украина на разговорите во Саудиска Арабија со САД во вторникот, кои завршија со предлог за 30-дневен прекин на огнот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан