• вторник, 24 декември 2024

Зеленски го смени командантот на силите за специјални операции

Зеленски го смени командантот на силите за специјални операции
Киев, 25 јули 2022 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го смени Хрихориј Халахан, командантот на силите за специјални операции на украинската армија, со декрет објавен денеска на веб-страницата на Претседателството. Со уште еден декрет од Зеленски, генералот Виктор Хоренко е назначен за нов командант за специјални операции, пренесе Тасс. Генерал мајорот Халахан (44) беше командант на силите за специјални операции на украинската армија во Доњецк и Луганс од август 2020 година. Пред тоа, тој беше прв заменик началник на Центарот за специјални антитерористички операции на Службата за безбедност на Украина. Од 2014 до 2019 година учествуваше во операции во Донбас. Причината за неговата смена се уште не се наведува.  сд/

Остани поврзан