• четврток, 26 декември 2024

Зеленски го потпиша законот за мобилизација - затвореници ќе можат да заминат на фронт

Зеленски го потпиша законот за мобилизација - затвореници ќе можат да заминат на фронт

Киев, 17 мај 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот за мобилизација, кој, меѓу другото, предвидува некои категории осуденици да можат да служат војска.

Според документот, затворениците ќе можат да се мобилизираат во армијата за договорна служба и ќе бидат пуштени на условна слобода.

Според министерот за правда, во Украина има околу 10-20.000 осуденици, кои можеби во иднина ќе бидат мобилизирани и ќе служат во специјалните единици, пренесува РБК Украина.

Заменик министерката за правда Елена Висоцка, пред усвојувањето на законот, изјави дека истражување спроведено во април покажало дека околу 4.000 илјади затвореници се согласиле да одат на фронтот во замена за условно ослободување од издржување на казната.

Истовремено, одбиени се околу 4.000 осуденици на кои им биле дијагностицирани заразни болести како ХИВ, хепатитис и туберкулоза.

Како што е наведено од Министерството за правда, на 15 мај 2024 година во украинските затвори имало 27.471 осуденик, меѓу кои 1.538 жени.

Заменик министерката за правда додаде дека за законско функционирање потребно е носење подзаконски акти. Според неа, за околу неколку недели законот ќе биде целосно имплементиран.

Зеленски денеска потпиша и посебен закон за зајакнување на одговорноста за воени прекршоци, со кој се зголемуваат казните за оние кои нема да ги почитуваат правилата за мобилизација. Документот предвидува зголемување на казните за прекршување на правилата за воена администрација и законодавството за одбрана, воена служба и воена служба, мобилизациска обука и мобилизација. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан