• петок, 27 декември 2024

Зеленски ги посети војниците на фронтот кај Бахмут

Зеленски ги посети војниците на фронтот кај  Бахмут

Киев, 22 март 2023 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети украинските сили во близина на фронтот кај Бахмут и им додели медали на војниците кои, како што рече, храбро го бранат суверенитетот на својата земја.

Украинските сили во Бахмут се спротивставуваат на руските напади веќе осум месеци, и покрај големите жртви во една од најкрвавите битки од почетокот на руската инвазија од пред 13 месеци.

Зеленски денеска им додели медали на исцрпените војници во борбена опрема, а самиот носел темна маица и воени маскирни панталони.

„Чест е да се биде овде денеска и да им се доделат ордени на нашите херои. Да им ја стегнам раката и да им се заблагодарам што го бранат суверенитетот на нашата земја“, напиша Зеленски на Телеграм.

„Вашата судбина е тешка, но херојска. Да ја одбраниме нашата земја и за нашите деца на Украина да ѝ вратиме сè“, рече Зеленски, додавајќи дека „се поклонува пред сите херои, нивните блиски соборци кои ги загубија животите на истокот и воопшто во оваа војна“.

Тој рече дека „Тврдината Бахмут“ е симбол на пркосот, поради што крвави руската армија. Ова е алузија на битката за Бахмут во Првата светска војна, која се водеше во ровови, под постојан артилериски и ракетен оган, на бојно поле преполно со мини, а командантите од двете страни ја опишаа како „мелница за месо“.

Зеленски веќе неколку пати ги посетил војниците на бојното поле. сд/

Остани поврзан