• недела, 28 јули 2024

Зеленски во Бугарија на средби со државниот врв

Зеленски во Бугарија на средби со државниот врв

Софија, 6 јули 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека пристигнал во Бугарија за да се сретне со премиерот, претседателот, политичарите и новинарите.

-Ќе разговарам суштински со премиерот Николај Денков, ќе се сретнам со претседателот Румен Радев, официјални претставници од Владата, парламентарци, политичари и новинари, напиша Зеленски на Твитер.

Тој додаде дека главни теми на разговорите ќе бидат одбранбената поддршка, евроатлантските интеграции на Украина, Самитот на НАТО, безбедносните гаранции, како и спроведувањето на украинската мировна формула.

Зеленски се сретна со бугарскиот премиер Денков и вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел.

-Ја изразивме нашата солидарност со Украина и со украинскиот народ, напиша Габриел на Фејсбук.

Зеленски е во еднодневна посета на Бугарија. Предвидено е да се сретне со лидерите на парламентарните групи кои ја претставија нацрт-декларацијата за поддршка на членството на Украина во НАТО.

За време на неговата посета се очекува да биде потпишана заедничка декларација за евроатлантските интеграции на Украина и меморандум за соработка во областа на енергетиката, јави БТА. мс/

фото: Фејсбук/Твитер

Остани поврзан