• среда, 18 декември 2024

Зеленски вети дека ќе ја зајакне воздушната одбрана по обновените воздушни напади врз Киев

Зеленски вети дека ќе ја зајакне воздушната одбрана по обновените воздушни напади врз Киев

Kиев, 13 декември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска изјави дека најмалку 53 лица се повредени во најсериозниот руски ракетен напад врз украинскиот главен град годинава, јави ДПА.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека сите проектили биле пресретнати од воздушната одбрана, но падот на проектилите и противвоздушниот оган сепак предизвикале штета и повредени.

Според извештаите на медиумите, остатоците од големиот број проектили предизвикале пожар во блок згради од девет ката во една од источните области на градот.

Според Кличко, од ракетите малку биле оштетени и детска болница и водовод.

Нападите со беспилотни летала предизвикаа штета и жртви и во пристанишниот град Одеса на Црното Море.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија и ја отежнала одбраната на Украина од напади со беспилотни летала со користење на дополнителни локации за лансирање. 

Украина се брани од руската инвазија повеќе од 21 месец.

По големиот налет на руски ракети што го погодија Киев во текот на ноќта, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави планови за дополнително зајакнување на воздушната одбрана на земјата. Тој рече дека ќе продолжи да работи на обезбедување дополнителна противвоздушна одбрана од западните поддржувачи на Украина.

Зеленски, кој се сретна со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа во Вашингтон, слета денеска во Осло за да учествува на вториот нордиско-украински самит. Лидерите од Данска, Шведска, Норвешка, Финска и Исланд ја повторија својата поддршка за Украина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан