• недела, 17 ноември 2024

Зеленски бара итни преговори меѓу полската и украинската влада за деблокирање на границата

Зеленски бара итни преговори меѓу полската и украинската влада за деблокирање на границата

Киев, 21 февруари 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повика на итни разговори меѓу неговата влада и полскиот претседател Анджеј Дуда, премиерот Доналд Туск и Европската унија за да се реши блокадата на полско-украинската граница од гневните полски земјоделци, велејќи дека само Москва има корист од тензијата, јавија западните агенции.

-Ја замолив нашата влада да оди на границата меѓу нашите две земји што е можно поскоро, до 24 февруари (втората годишнина од почетокот на руската инвазија), рече украинскиот претседател во видео обраќањето, барајќи истото да го стори и полскиот премиер Доналд Туск. 

„Само Москва е среќна поради оваа тензија меѓу двете сојузнички земји“, посочи Зеленски и додаде дека Киев е подготвен да најде прагматично решение.

Полските земјоделци се лути од увозот на евтино украинско жито, забележуваат британските медиуми. сд/

Остани поврзан